Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез сосема заслужено го добија епитетот на едно од најдобрите напаѓачки триа кои некогаш се видени во фудбалот, но сепак според легендарниот Роналдињо, овие тројца фантастични фудбалери не го формираат најдоброто трио во историјата на Барселона.
Неповторливиот бразилски фудбалер изминатава недела беше почесен гостин на дерби натпреварот меѓу ПСЖ и Монако и предизвика ерупција на „Паркот на принцовите“ со своето појавување долу на теренот, но во последните неколку часа посебно актуелна е изјавата која ја дава за „ЕСПН“, поврзана токму за напаѓачките триа кои ги одбележаа последните 10-тина години.
Роналдињо посочува дека ударното трио МСН направи историја во Барселона, но сепак останува со она кое го формираа тој, Ето и Меси.
– Двете триа остварија историја во Барселона, но сепак едно за мене е подобро. Останувам за она кое го формиравме Ето, Меси и јас – порачува Роналдињо во изјавата за „ЕСПН“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.