Во блиска иднина околу 10.000 сириски бегалци кои престојуваат во Турција, ќе добијат турско државјанство, јави БТА.
Ваквата можност турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја најави уште пред речиси една година при посетата на градот Килис, каде се наоѓа најголемиот камп за сместување на сириските бегалци, но овие планови беа одложени по неупсешниот јулски обид за преврат.
Ердоган тогаш најави дека на сите сириски бегалци кои ги исполнуваат утврдените успови, ќе им биде дадено државјнаство на Турција.
Според извори во турската Влада, оваа постапка сега е забрзна и во тек е проверка од страна на безбедносните служби дали евентуалните кандидати за нови државјани на Турција, би можеле да претставуваат закана за „националната бебзедност“. Се очекува доделувањето на државјанствата да го потврди турската Влада во текот на следниот месец.
Станува збор за сириски бегалци кои ќе станат државјани на Турција врз основа на членот 12 од Залонот за државјанство.
Овој чен предвидува турско државјанство да може да им се даде на странци кои имаат „производни објекти и опрема“ во Турција или имаат заслуги во сферата на иновациите, науката, спортот и културата, под услов „да не претставуваат закана за националната безбедност на земјата“.
Според официјалните податоци, во Турција престојуваат околу три милиони сириски бегалци, од кои само 10 отсто се наоѓаат во некој од 26-те бегалски кампови во пограничните региони, додека останатите се сместени ширум територијата на земјата.
Турските медиуми уште минатата година објавија дека властите во Анкара имаат намера да им дадат државјанство на Сиријци со високо и стручно образование од чија работа полза би имала економијата на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.