Исландскиот репрезентативец Арон Палмарсон ќе биде новото засилување во редовите на Барселона. Во изминатите две сезони средниот бек настапуваше за унгарскиот Веспрем со кој има договор до 2018, но според најавите во исландските медиуми, Палмарсон најверојатно уште летово ќе се пресели во Барселона.
Покрај Барселона, како втора опција за Исланѓанецот се споменуваше и враќање во Кил, тимот во кој настапуваше од 2009 до 2015 и во кој се афирмира како еден од најдобрите млади бекови во светот.
Поради повреда на колкот, тој го пропушти настапот со репрезентацијата на Исланд на СП во Франција. Најавите се дека бекот ќе се врати во националниот состав за квалификациските натпревари за ЕП 2018 во кои Исланд е следен противник на Макеоднија (4/5 и 6/7 мај)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.