| четврток, 6 декември 2018 |

„Единаесеттемина на Оушн“ доби женска верзија со Ријана, Сандра Булок, Кејт Бланшет… (галерија)

Женскиот римејк на „Единаесеттемина на Оушн“ – „Осумте на Оушн“, почна да се снима во октомври минатата година, а премиерата е закажана за јуни 2018 година.

Но, дотогаш се задоволуваме со малите детали од снимањата. Сепак, овој пат тимот што работи на остварувањето реши да направи фотосесија со актерките во главните улоги.

prvata-oficijalna-fotografija-od-osumte-zheni-na-oushn-259020

Првата официјална фотографија е направена во метро во Њујорк и предизвика големо внимание.

Со оглед на кастингот, сите со нетрпение очекуваат да видат како ќе изгледа оваа женска верзија на филмот.

Освен Ријана, која го глуми ликот Најн Бол, Сандра Булок (Деби Оушн), Кејт Бланшет (Лу), Мајнди Калинг (Амита), Оквафина (Констанс), Хелена Бонам Картер (Роуз), Ен Хатавеј (Дафне) и Сара Полсон (Тами), во филмот ќе се појават и Мет Дејмон, Демијан Луис, Џејмс Корден.

prvata-oficijalna-fotografija-od-osumte-zheni-na-oushn-259057

Засега е познато и дека дел од дејството ќе се одвива за време на Мет Гала вечерта во Њујорк, па на големото платно ќе ги видиме и Ана Винтур, Александар Ванг, Зак Посен, Лорен Санто Доминго, Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Кејти Холмс, Оливија Мун, Хејли Болдвин и Зеин Малик.

prvata-oficijalna-fotografija-od-osumte-zheni-na-oushn-259058

Режисер е Гери Рос, додека продуценти се Џорџ Клуни и Стивен Содерберг, кој го продуцираше и „Единаесеттемина на Оушн“.

извор:  Fashionel

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top