Кумановската полиција поднесе кривична пријава за 33-годишниот Д.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Пријавениот утрото на 27 јануари во 10.45 часот, додека се движел со автомобил „БМВ“, на крстосницата на ул. „Никола Вапцаров“ и ул. „11 Ноември“ го забележал оштетениот В.М., инаку полициски службеник, со неговото возило и со голема брзина го поминал. Откако му го пресекол патот и се приближил до неговото возило, ја отворил совозачката врата од возилото и му се заканил дека ќе ги убие него, неговиот началник и еден судија, како и нивните деца, доколку не му дадат 4.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам
-
Полицаец истепан кај салата „Борис Трајковски“
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“