| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на работниците во индустријата

????????????????????????????????????

За 0,1 отсто е зголемен бројот на работниците во индустријата минатата година, а во декември 2016 во однос на истиот месец 2015 бележи пад од 0,9 проценти. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во декември 2016 во однос на декември 2015 бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот Преработувачка индустрија има намалување за 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е евидентиран пад од 0,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работници бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто, додека пораст има кај Енергија за 1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5, Капитални производи за 5,4 и Трајни производи за широка потрошувачка за 7 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top