Тектонските пореметувања во светската политика кои што ги предизвика новиот претседател на САД, Доналд Трамп, се последица на влијанието на Стив Бенон, неговиот главен стратег и основачот на познатиот портал „Брајтбарт“.
Трамп е нешто повеќе од една седмица претседател на САД, а светот веќе дозна за тоа кои ќе бидат неговите мети. После неколкуте негови одлуки, светот сфати дека Трамп мора да биде сфатен сериозно и се очекува во најголема мера тој да ги исполни ветувањата од претседателската кампања.
Тоа стана очигледно после само три дена минати во Белата куќа. За тие кои што се загрижени за моќта која што се наоѓа во рацете на новиот американски претседател, неговите првични одлуки сега изгледаат застрашувачки.
Сепак, неговите најголеми поддржувачи кои што ги посакуваат таквите радикални потези денес се посреќни и конечно можат да видат во која насока се движат работите, односно колку Доналд Трамп ќе исполни од ветеното.
Како што пишува Фајненшал тајмс, овие денови никој во САД не е посреќен од Стив Бенон, главниот стратег во администрацијата на новиот американски претседател.
Економскиот национализам кој што пристигна од неговата „кујна“ веќе го претвори во човекот со најголема моќ во администрацијата на Доналд Трамп, стои во анализата на Financial Times.
Покрај тоа, Бенон доби место во комитетот на Националниот безбедносен совет, тело кое што е „семоќно“ во донесувањето на разни одлуки, а поради тоа, американската јавност веќе Бенон го смета за човекот кој што ќе ја води американската политика од сенка, или човекот во кого американскиот претседател има најголема доверба.
Како и да е, и натаму е многу тешко да се одреди кој го контролира нивото на моќ зад Доналд Трамп. Еден од нив секако е и Мајкл Флин, советникот за американската национална безбедност, а на другата страна е Дерет Кунер, зетот на Доналд Трамп кој што се очекува да биде главен преговарач со странските влади.
Џемјс Матис кој е прв човек на Пенгатон допрва треба да ги докаже своите способности, а како што се вели во анализата на Financial Times, Матис наскоро го очекува „пат во Азија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.