| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ја забрани бурката на јавни места

burka

По повеќедневна дебата владејачката коалиција во Австрија го усогласи пакетот реформи што предвидува забрана за носење бурка во судниците, училиштата и другите јавни места.

Коалицијата на социјалдемократите и Народната партија синоќа се договорија на припадниците на полицијата, судиите и јавните обвинители да им се забрани да носат шамии со цел „идеолошки и верски да останат неутрални“ додека ѝ служат на државата.

Американските медиуми потсетуваат дека францускиот Парламент пред повеќе од шест години го усвои законот со кој Франција стана првата земја од Европската унија која ги забрани никабот и бурката.

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, порача дека со „забраната на антиопштествените симболи“, како што е бурката, на Австрија ќе ѝ се помогне „подобро да ги интегрира мигрантите на кои им е дозволено да останат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top