Водечките политичари во САД почнаа со јавни и директни удари врз Џорџ Сорос. Такво беше обраќањето на Њут Гингрич, главниот идеолог на републиканците и конзервативното движење во Америка.
Њут Гингрич е поранешен спикер на Конгресот на САД, а сега е меѓу најблиските соработници на новиот американски претседател Доналд Трамп. Тој во своето обраќање пред фондацијата „Херитиџ“, водечката конзервативна организација во САД, имаше силни зборови против меѓународната империја на Џорџ Сорос.
Гингрич истакна дека успехот на Трумп е резултат на „непријателството на левите фашисти“, финансирани од Џорџ Сорос и „пропагандните медиуми“ за да создадат земја која е неприфатлива за мнозинството Америкаци.
– Сорос сака да ја наметне Соросовата визија на крајната, екстремна левица на целиот свет – рече Гингрич.
Тој отворено најави војна против Сорос и порача „Трамп или ќе се предаде или ќе победи. Тука нема средина, нема компромис“.
– Мора да ги сфатите сериозно луѓето кои кршеа прозорци пред некој ден. Мора да се сфати сериозно фактот дека Џорџ Сорос финансира 50 различни организации за протести низ целиот свет. Фактот дека ден по инаугурацијата, ако ги слушнете нивните (на Соросоидите) говори, ако слушнете што тие кажаа, тогаш нема средина, нема заедничка основа, нема разбирање. Трамп или ќе се предаде или Трамп ќе го победи Сорос. Тука нема средина, нема компромис, освен ако Трамп не мисли да се предаде. Трамп нема да се предаде – вели Гингрич.
Инаку Њут Гингрич е поранешен претседател на Претставничкиот дом (1995-1999 година) и беше меѓу кандидатите за претседателската функција од Републиканската партија во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.