Нов ден и нова контроверзна изјава од легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона.
Во последното телевизиско шоу, Марадона откри дека најголемата глупост ја има направено додека го носел дресот на каталонскиот гигант Барселона.
Имав 24 години кога почнав да користам наркотични средства. Тогаш играв за Барселона. Мислам дека нема поголема глупост од таа што сум ја направил во мојот живот. Додека бев во кома, мојата ќерка ме замоли да останам жив поради неа. Благодарен сум на Господ затоа што ја слушна желбата на мојата ќерка и ме разбуди од кома. Дрогата беше мојот најголем проблем, дрогата убива. Ако продолжев, сега сигурно ќе бев мртов. Немам дилема. Веќе 13 години не консумирам дрога и се чувствувам одлично, изјави Марадона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.