| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која го растажи светот: Се венчаа во болницата каде полека умира нивниот син

Селија и Џеф Кинзел судбоносното „да“ го кажаа во болничката капела во Колумбос, Охајо. Тие се заколнаа на вечна љубов дежејќи го во раце своето двегодишно синче, кое во моментот било приклучено на инфузија. Малиот Логан умира од напреден тумор на мозокот.

 

– Ги сликав додека одеа низ ходникот до неговата соба. Глетката беше толку тажна. Но, сепак, зборува за храброста, љубовта и способноста дасе пронајде среќа и радост во најтешките моменти во животот – изјавила мајката на Селија, автор на фотографијата.

Момчето било оперирано минатата година кога туморот му бил отстранет и поминал низ циклус хемотерапија. Сите се надевале дека ќе оздрави, но неговата состојба се влошила. Му биле пронајдени неколку нови тумори на мозокот, но и на ‘рбетниот мозок.

По тажните вести, родителите решиле да ја откажат големата свадба планирана за 2018 година и да се венчаат покрај Логан веднаш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top