| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското културно наследство на Саем за туризам во Њујорк

Управата за заштита на културното наследство првпат го презентира културното наследство на Македонија на еден од најреномираните меѓународни саеми за туризам „Њујорк тајмс“, кој го организира оваа медиумска куќа во срцето на Менхетн, пишува „Нова Македонија“.

Саемот, кој траеше до 29 јануари, на едно место собра над 500 изложувачи од земји од цел свет, како Норвешка, Италија, Полска, Хрватска, Мексико, Русија, потоа земјите од Латинска Америка, Кина, Јапонија, Непал, Куба и многу други. Македонија е дочекана со воодушевувања од посетителите, кои гледајќи во нејзините археолошки локалитети, средновековни цркви и природни богатства ја најдоа како земја што мора да се посети.

– Горд сум што Управата за заштита на културното наследство, согласно своите надлежности за афирмација на македонското културно наследство, учествува на најголемиот собир во Америка, Травел шоу, за културното наследство и туризмот од целиот свет, помеѓу повеќе стотини излагачи и земји од целиот свет. Меѓутоа посебно ме радува што токму тука во Њујорк, Американците, потоа најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“ и сите посетители од светот, со внимание ја разгледуваат книгата „Античкото кралство Македонија и Република Македонија“, во која што секој може да види дека името Македонија, историски, археолошки и географски и` припаѓа на Република Македонија. Во оваа книга без омраза, политика или пак мешање во државните граници на Грција, Бугарија и Албанија, преку чисти научноистражувачки резултати се гледа дека античките кралеви на Македонија ја завладеале целата територија на денешна Македонија. Конечно, токму оваа книга е доказ дека античкото кралство Македонија не е ниту грчко ниту бугарско ниту албанско, туку е на сите овие земји, како и на Република Македонија, па и на големиот број источни земји што Александар ги освоил, и дека токму овој антички Александров и македонски тестамент треба да го гледаме како моќен и огромен културен мост и културно наследство помеѓу споменатите земји на чија изградба треба заеднички да се нафатиме а не да биде причина за меѓусоседски кавги и тензии – вели Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top