Сакам да се задолжи сопругата редовно да чисти, пере и секој ден да готви. Ова било едно од барањата, кое иден младоженец сакал да е дел од предбрачен договор. Но, останало неисполнето зашто во Македонија предбрачните договори не се предвидени со закон. Адвокатот морал да му објасни дека ќе треба да ѝ верува на сопругата или, евентуално, да почека да види дали во иднина ќе може да се склучуваат предбрачни договори.
Брачниот или предбрачниот договор, како законска можност на брачните другари да си го заштитат својот имот од ненадеен развод, во Македонија сè уште не е регулиран со закон. Според експертите, станува збор за еден од најконтроверзните договори во теоријата и законодавството, кој предизвикува многубројни морални, етички, правни, филозофски и религиозни дилеми.
Трендот за склучување предбрачен договор е честа појава меѓу познатите личности, кои на тој начин се обидуваат да го заштитат својот имот и пари од ненадеен развод и поделба на сопственоста. Основната цел и предмет на брачниот договор е да се регулираат имотните односи, поточно да се утврди „што е мое, а што е твое“, начинот на поделбата на заедничкиот имот и останатите правни последици по разводот на бракот.
Најчеста причина за негово склучување е неуспешен прв брак, негативно искуство од развод, големи адвокатски и судски трошоци по однос на долгогодишните имотни парници.
Македонското семејно законодавство, за разлика од другите современи законодавства, не го уредува брачниот договор.
Меѓутоа и покрај тоа што во Законот за семејството брачниот договор не е уреден, тој во нашето право е дозволен договор и во практиката се склучува врз основа на начелото на слобода на договарање. Имајќи ја предвид ваквата правна празнина, сметаме дека е потребно брачниот договор да биде подробно уреден во македонското семејно законодавство, по примерот на европските законодавства кои темелно ги уредуваат сите прашања поврзани со брачниот договор, за Нова Македонија вели професорот по семејно право, Дејан Мицковиќ
И покрај аргументите против, сметаме дека повеќе превагнуваат аргументити кои одат во корист на брачниот договор. Предвидувањето на брачниот договор ќе им овозможи алтернатива на поимотните брачни другари самостојно и по своја волја да ги уредат имотните односи за време на бракот и во случај на негов престанок – вели Мицковиќ.
Тој вели дека во Македонија има одредени случаи на склучување на брачен договор, според правилото дека се што не е експлицитно забрането со закон е дозволено, но сепак не е јасно како судовите би се однесувале доколку дојде до ситуација да треба да решаваат спор кој би се јавил поради склучениот брачен договор.
– Поради тоа, најдобро е брачниот договор експлицитно да се регулира во Граѓанскиот закон, со што би се обезбедила поголема правна сигурност за сите парови кои би сакале со брачен договор да ги уредат меѓусебните имотноправни односи.
Генерално, брачниот договор во оние земји каде што е предвиден и уреден во законодавството, го склучуваат најчесто поимотните парови, со цел да ги заштитат своите права и интереси во случај на развод на брак. Врз основа на овие искуства, може да се очекува дека и во Македонија би имале иста ситуација, односно брачни договори најчесто би склучувале парови кои имаат поголем имот – смета Мицковиќ.
извор: скопјеинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот