Реал Мадрид со сигурни 3-0 ја доби пресметката со Реал Сосиедад на „Сантијаго Бернабеу“ и на тој начин ја зголеми предноста Барселона и Севилја во Примера.
„Кралевите“ сега имаат плус четири во однос на каталонците и андалузијците, плус еден заостанат меч со Валенсија на „Местаља“ што значи таа позитива може да биде и седум бода. Предводникот на европскиот шампион, Зинедин Зидан открива дека киксовите на Барса (1-1 против Бетис) и Севилја (Еспањол 3-1) дополнително ги мотивирале неговите избраници да дојдат до поволен резултат против Сосиедад.
-Тоа што ривалите загубија поени ни даде екстра мотивација. Бевме погладни да ја завршиме работата и за тоа веќе зборувавме. Најважно беше да се фокусираме и успеавме да победиме. Го зголемивме нашето водство. Конкурентите загубија поени и ние сега сме четири бодови пред нив. Ќе има тешки ситуации, но сега можеме да уживаме во победата-изјави Зизу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.