| четврток, 6 декември 2018 |

„Госпоѓа министерска“ во МНТ со 150-та изведба

На 4 февруари во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи 150-та изведба на претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Наташа Поплавска. Главната улога ја толкува Весна Петрушевска.
„И Весна Петрушевска и Мери Бошкова и целата комплетна мината и сегашна актерска екипа создадоа Живка, Живка министерката и претставата Госпоѓа министерка да бидат живи, полетни, сакани, барани. Затоа Живка и претставата се личност и настан на кој публиката се радува, му аплаудра долго и за време на претставата и уште подолго по последната одиграна сцена. Играат за денес или за некој друг ден и некое друго време – понесени од новите предизвици, новите актуелности и за нова или стара публика. Зашто кога ќе го кажат она на крајот од изведбата „па што, јас и утре можам да бидам министерка“ им веруваме. Ги сакаме, френетично им аплаудираме. И на онаа Живка на Мери Бошкова која имаше неброени изведби, и на оваа Живка на Весна Петрушевска која еве ја има 150 изведба, а зошто да не веруваше деке ќе има уште 150, и пак уште 150, и пак“ велат од МНТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top