Диего Армандо Марадона беше еден од најдобрите фудбалери во светот, но црна дамка на неговата кариера остави дрогата. Аргентинскиот ас долго време се бореше со порокот, а во интервју искрено откри дека првпат почнал да се дрогира како член на шпанскиот великан Барселона.
– Наркотиците почнав да ги користам на 24 години кога играв во Барселона. Тоа беше моја најголема грешка во животот. Кога бев во кома, мојата ќерка се молеше за мојот живот над болничкиот кревет, бараше да преживеам за неа. Му благодарам на Бог што ми помогна. Многу луѓе ме прашаа кое е најголемото зло, жените, парите или дрогата, јас им одговорив – дрогата. Таа убива. Имам голема среќа што можам да разговарам тука со вас. Веќе 13 години сум „чист“ и пресреќен сум за тоа. Ако продолжев да се дрогирам, веројатно немаше да зборувам сега тука со вас“, изјави Марадона.
Покрај за Барса, Марадона настапуваше и за Бока Јуниорс, Наполи, Севиља и Њуелс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Приведен дилер на дрога од Тетово
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Приведени 70 лица во тетовско и гостиварско под сомнeвање за продажба или користење на марихуана, хероин и кокаин