| четврток, 6 декември 2018 |

Упад во Музејот на албанската азбука во Битола.

битолаОштетен е Музејот на албанската азбука во Битола. Националната установа соопшти дека утрово е упаднато во просториите на Музејот и биле оштетени и поставки кои неодамна беа промовирани во таа установа. Директорот Газменд Хоџај смета дека станува збор за изолиран случај, поединец или група кои ја скршиле влезната врата.
– Оштетен е инвентарот, а од вкупно 11 поставени излози со вредни документи и материјали девет се целосно искршени. Настанот се случил по полноќ, а околу 4 часот утрово во просториите увид изврши екипа на СВР-Битола со кои заеднички ги констатиравме направените штети. Жалам за овој настан затоа што изложбата вредно ја создававме а за што помош имавме и од Министерството за култура, истакна Хоџај.
Националната установа Музеј на албанската азбука во Битола е сместена во објкетот каде што во 1908 година се одржал познатиот Битолски Конгрес на кој група албански интелектуалци ја создадоа и унифицираа денешната албанска азбука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top