Словенија е подготвена да понуди место за состанок на претседателот на САД Доналд Трамп и на рускиот лидер Влидимир Путин, изјави шефот на дипломатијата Карл Ерјавец.
-Земјаќи го предвид фактот дека успешно го организиравме состанокот на Џорџ Буш и Путин. Сергеј Лавров истакна дека тој не гледа причина да не се повтори состанок на тоа ниво. Сето тоа, секако, зависи од Трамп и од Путин – наведе Ерјавец во интервјуто за „Журнал 24“.
Доналд Трамп и Владимир Путин остварија телефонски разговор на 28 јануари. Во текот на разговорот шефовите на Русија и САД се договорија да работат на времето и местото за одржување на состанокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.