| четврток, 6 декември 2018 |

И годинава одмор за 3000 деца од социјални семејства

deca na odmorВладата одлучи проектот за бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик и корисници на посебен додаток да продолжи и во 2013/2014 година. Повторно ќе бидат опфатени 3.000 деца родени во период од 1998 до 2003 година, односно деца-редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение. 2 000 деца ќе летуваат, додека илјада ќе одмораат во текот на зимскиот распуст идната година. Првата група деца ќе замине на почетокот на јули, а проектот ќе се реализира до крајот на август.

Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски објасни дека станува збор за седумдневен одмор, шест полни пансиони- ноќевање со три оброка дневно, едукативно- забавни активности, како и превоз во двата правци.

– Децата корисници на посебен додаток и деца со инвалидитет имаат право на придружник за време на одморот.

За пријавување потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење, најдоцна до 25 јуни, а изборот на децата кои ќе ја користат услугата ќе го врши Комисија. Децата ќе се рекреираат во домашните туристичките објекти и детски одморалишта, а изборот е во тек. Целиот проект чини 15 милиони денари, а МТСП им обезбедено пари во буџетот за годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top