| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за култура: Оштетувањето на музејот е вандалски чин

битолаМинистерството за култура го осуди оштетувањето на националната установа Музеј на албанската азбука во Битола и очекува сторителите бргу да бидат најдени.

– Министерството за култура најостро го осудува вандалскиот чин со кој рано изутринава непознати  сторители оштетија дел од  музејската поставка  во НУ  Музеј на албанската азбука во Битола, во кој е сместен дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македонија. Убедени сме дека сторителите набргу ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министерството за култура.

Според Билтенот на МВР, денеска во 4.30 часот во СВР-Битола било пријавено дека непознат сторител ноќеска искршил повеќе стакла во Музејот, а потоа се оддалечил од местото на настанот.

Музејот на албанската азбука во Битола е сместен во објект во кој во 1908 година се одржал познатиот Битолски конгрес на кој група албански интелектуалци ја создале и унифицирале денешната албанска азбука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top