| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на погреб: Гробарот се напил, па им однел празен ковчег

Pokojnik

Во местот Остужница во близина на Белград требало да се одржи погребот на Ненад Лазаревиќ (59), но вработениот во погребелното претпријатие Слободан Ш. на погребот однел празен сандак. Тој на ожалостените родини и пријатели кои го чекале со часови пред отворениот гроб, им дал кратко и нејазно објанување, по што избегал од погребот, но за кратко бил приведен во Белград.

Ненад починал во понеделникот, а бидејќи живеел сам, во домот го пронашол неговиот пријател Слободан Ш. Тој ја известил неговата сестра која живее во Босна, а и ветил и дека ќе го организира целиот погреб бидејќи и онака со тоа се занимавал, раскажала Верица Живанови, сосетка на починатиот.

Сестрата на Ненад не ни можела да претпостави каква збрка ќе направи Слободан.

– Погребот беше закажан за во 13 часот, а ние се собравме во 12 кај гробното место. Положивме цвеќе, свеќи како што е обичајот, но Слободан го немаше цели 2 часа. Сите станаа нервозни и бесни, а додека му ѕвонеа на телефон тиј дури и ги опцу, раскажува сосетката.

Потоа дознале дека Слободан бил виден како пие виски во еден локал во близина на гробиштата. Најбизарното се случило кога Слободан се појавил на гробното место.

– Не дозволи ковчегот да се извади од возилото во кое стоеше. Почнаа сите да викаат на него и да бараат објаснување зошто не дозволува да го погребаме Ненад по толку чекање. Тој им одговорил дека ковчегот кој го донел е празен, а телото на покојникот е кај неговиот колега кој доживеал несреќа по пат. Се гледаше дека е пијан и силно мирисаше на алкохол, раскажала сосетката Живановиќ која додале дека потоа Слободан брзо се качил во возилото и побегнал.

kovceg

Потоа полициската патрола го застанала во Белград каде било потврдено дека ковчегот е празен, а направениот алко тест покажал дека Слободан навистина бил пијан.

– И по приведувањето на Слободан, сестрата на покојникот не знаеше каде е телото на нејзиниот брат и беше во агонија, завршила сосетката Верица која додала дека никому не му било јасно која му била намерата на Слободан да направи таков хаос за една така битна и тажна прилика.

По кратката потрага било откриено дека телото на покојникот било во капелата од каде Слободан воопшто не го ни подигнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top