| четврток, 6 декември 2018 |

Ски-лифтовите на Попова Шапка се застарени, но беспрекорно работат

 

ЕЛЕМ турс реагира на наводите на иницијативата на граѓани „Да ја спасиме Попoва Шапка“, со кои паушално се критикува скијачкиот центар „Попова Шапка“. Друштвото ЕЛЕМ турс информира дека скијачката сезона на Попова Шапка се одвива во согласност со организациските политики на ЕЛЕМ турс и без поголеми проблеми. Цела постојна инфраструктура е во функција, а скијачките патеки  се одлично подготвени.

„Со исклучок на „Аеродром“ цела скијачка инфраструктура, односно жичарите и ски-лифтовите работат и функционираат беспрекорно. Само денеска се продадени и искористени 1.100 билети, што значи дека туристичката сезона во овој скијачки центар е во полн ек.  Нивото на сигурност и безбедност како стандард во работењето на скијачката инфраструктура е исполнето. Се до реализација на започнатите инвестиции скијачкиот центар мора да работи со постојната опрема и капацитет и наша краткорочна цел е тоа да биде одржливо за пристојно скијање и релаксација оваа сезона“, стои во реакцијата на ЕЛЕМ турс.

Одговорните не неграат дека скијачката инфраструктура е застарена, но целосно ги отфрлаат шпекулациите дека е и несправна. Исто така, потсетуваат дека ЕЛЕМ турс има план за развој на Попова Шапка, којшто веќе се реализира.

„Со верба дека иницијаторите имаат чесни намери и иницијативата е произлезена од нивната грижа за подобро работење и услови за функционирање на Попова Шапка, ги повикуваме на непосреден состанок во дирекцијата на друштвото за да ги размениме нашите позитивни и негативни искуства, што можеби ќе резултира со воспоставување соработка и помош во промоција на Попова Шапка како зимска дестинација и кои со идеи можат да придонесат во решавање на тековните проблеми  во интерес на сите посетители на  најголемиот скијачки центар во Република Македонија.“

Повеќе за развониот план и инвестициите што се во тек на Попова Шапка можете да прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top