| четврток, 6 декември 2018 |

Една судијка му кажа „не“ на Трамп – привремено забранета депортација на луѓе од САД

sudijka

Федерална судијка во Њујорк издаде вонредна наредба со која привремено и забранува на Америка да депортира луѓе од земјите на кои претседателот Доналд Трамп им забрани влез во САД.

Судијата Ен Донели ја издаде таа наредба откако адвокатите вложија тужба во име на луѓето кои беа задржани на аеродромите по одлуката на Трамп на државјаните на шест земји – Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија да им забрани издавање на визи во наредните четири месеци, додека на сиријските бегалци влезот им е забранет на неодредено време.

-Мислам дека владата не размисли добро за оваа одлука- изјави Донели во полната судница.

Судијката, која е поставена од страна на Барак Обама пресудата ја обрзаложи со зборовите дека „таа би можела на задржаните луѓе да им нанесе ненадоместлива штета, како и дека влезот во САД им е забранет на луѓето кои добиле виза, и кои со самото тоа им е дозволен влез во земјата“.

sudij

Одлуката, која важи на целата земја ќе биде на сила до следното рочиште закажано за 21 февруари, а се однесува на луѓе со валидни визи, како и на оние кои имаат „зелена карта“. Сепак, таа се однесува само на оние кои веќе слетале во Америка и се наоѓаат на американска територија, а се задржани на аеродромите. Се проценува дека во прашање се помеѓу 100 и 200 илјади луѓе.

Одлуката на судијата за вонредната наредба демонстрантите пред судницата гласно ја поздравија. Освен пред судницата во Бруклин, одлуката на Трамп предизвика големи протести и на аеродромите ширум САД.

На њујошкиот аеродром „Џон Кенеди“ околу 2.000 демонстранти извикуваа „Пуштете ги“.

Протести беа одржани и на аеродромите во Вашингтон, Чикаго, Минеаполис, Денвер, Лос Анџелес, Сан Франциско и Далас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top