Американскиот претседател Доналд Трамп го прифати синоќа повикот на германската канцеларка Ангела Меркел за присуство на самитот Г20 во Хамбург во јули оваа година.
Трамп и Меркел при телефонскиот разговор се согласиле за „фундаменталното значење“ на НАТО, како и дека членките на Алијансата мораат да „го платат нивниот дел“ од трошоците за колективната безбедност, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата лидери. Во соопштението на Белата куќа стои дека Трамп ја повикал Меркел наскоро да замине во посета на Вашингтон. Меркел и Трамп разговарале и за Блискиот Исток, северна Африка, нивните односи со Русија и судирите во источна Украина, се наведува во соопштението на портпаролот на германската Влада. Лидерите на Германија и САД се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.