| четврток, 6 декември 2018 |

Белградска проститутка: Сопруг на позната водителка сакаше да го гледам додека се самозадоволува

25-годишна апсолвентка на државен факултет во Белград со проституција се занимавала веќе пет години и во текот на тој период имала разни клиенти кои имале чудни барања. Сепак, за неа најчуден бил сопруг од позната водителка, кој се самозадоволувал пред неа.

– За сите овие години како ја работам оваа работа, сум се сретнала со секакви приказни од муштериите и од жените што работеа со мене. Најчудната ситуација ми беше со еден клиент кого го палеше да го слушам. Доаѓаше еднаш неделно кај мене речиси две години. Беше сопруг на една популарна водителка. Ќе седневме во автомобил, тој раскажуваше што сака, што го пали, како приватно е многу несреќен и самиот се самозадоволуваше пред мене. Мое беше само да му ги покажам голите гради. Неверојатно, го палеше самиот факт дека го слушам додека гледа во моите гради. Дома имаше прекрасна сопруга која не го забележувала, а не пак, го слушала. Прво не можев да верувам, а потоа сфатив – едноставно, на некои луѓе им фали внимание. Неодамна се разведоа. Се надевам дека сега е среќен  – вели 25-годишната девојка која открива зошто почнала да се занимава со проституција.

– Имам 25 години и родена сум во едно мало место на југот од земјата. Во Белград дојдов да студирам. Во меѓувреме, почина татко ми и морав сама да почнам да заработувам. Живеев во студентски дом и преку поранешна цимерка, влегов во овој бизнис. Оваа работа ми овозможува самата да си го одредам работното време. Сега е многу полесно, затоа што е потребно само да ги искомбинирам учењето и работата „Понекогаш, работата може да биде прилично напорна. Потребно е силно тело, но уште посилна психа. Некогаш, едноставно посакувам да останам во кревет и да спијам, но имам болна мајка и помлад брат во родниот град и не можам само така да престанам. Тие финансиски зависат од мене – раскажала студентката.

Кога ја прашале што најмногу бараат клиентите, таа одговорила дека оралниот секс е најмногу баран, но неки сакаат и анален секс. Најчесто, клиентите го барале она што не можеле да го добијат дома.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top