| четврток, 6 декември 2018 |

Еден грам куркума за појадок го подобрува памтењето

Консумирање еден грам куркума за појадок го подобрува памтењето, покажало едно истражување во Тајланд.

Во истражувањето учестувале мажи и жени постари од 60 години на кои им е дијагностициран дијабетес. Се покажало дека само еден грам куркума го подобрува памтењето и го намалува ризикот од заболување на дијабетес во неговите рани фази.

Било тестирано памтењето пред и по консумирање на куркума, а крајниот резултат покажал дека учесниицте кои го користеле овој зачин во исхраната за појадок имале подобро памтење во однос на оние кои не го користеле.

Поранешни истражувања покажале дека дијабетичарите во средниот стадиум на болеста се склони кон губење на волуменот на мозокот, што доведува до губење на памтењето, како и способноста за размислување.

Куркумата потекнува од семејството на ѓубмирот, од чиј корен се добива ароматичен луто-благ-горко-смолест вкус. Овој зачин на јадењеа им дава златножолта боја, а има повеќе имиња како индиски шафран и жолт корен. Куркума е една од состојките на индиското кари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top