Две момчиња се тешко повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 21.50 часот се случи на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Париска“ во Скопје.
До несреќата дошло при судир на едно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (19) од Скопје и друго „БМВ“ без регистарски ознаки, управувано од И.А. (21) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ѓ и сопатникот од неговото возило М.А.М. (18) од Скопје, кои биле пренесени во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Поради незгодата, сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“ кај поликлиниката „Букурешт“ во насока од општина Ѓорче Петров кон Центар се одвиваше по една лента.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил