| четврток, 6 декември 2018 |

Му скршиле шише од глава: Петнаесетгодишник нападнат од група кумановци

Ноќеска во 01.00 часот во СВР Куманово С.Т. (47) од Куманово пријавила тепачка во нејзиниот кафе бар.

Во 01.50 часот од страна на ОКТУПА бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 00.50 часот во холот, пред тоалетите и магацинскиот простор на кафе барот, од страна на повеќе непознати лица физички било нападнато петнаесетгодишно момче, кое било удрено во главата со шише од пиво.

Момчето било пренесено во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана телесна повреда. По укажаната помош петнаесетгодишникот бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top