| четврток, 6 декември 2018 |

Стокхолм повторо гореше

StockholmИ во текот на последната ноќ гореа автомобили, а пожар бил подметнат и во две училишта и една полициска станица во Стокхолм, Шведска. Резултат од петтата ноќ по ред со немири во сиромашните предградија на Стокхолм, населени претежно со странци се и 8 приведени, а за среќа нема повредени. Всушност, во сите седум предградија имало различни напади.

Немирите во стокхолмската населба Хусби започнаа во неделата кога 40-ина млади лица почнале да палат автомобили и фрлаат камења кон полицијата, по убиството на 69-годишен маж во таа населба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top