| четврток, 6 декември 2018 |

Милан доведе нов крилен играч, желбата на Монтела се оствари

okampos

Милан доведе уште еден офанзивен крилен фудбалер во своите редови, договарајќи ја шестмесечната позајмица на Лукас Окампос од редовите на Џенова. Тренерот Монтела го посакуваше овој играч уште од почетокот на преодниот рок, за конечно да бидат договорени сите детали со Џенова, но и со Олимпик Марсеј, клубот од каде Аргентинецот беше позајмен во екипата каде што настапува нашиот Горан Пандев.

– Договорени се сите детали и Окампос ќе стане нов член на Милан, тоа е завршена работа – истакна Адријано Галијани, кој е задолжен за трансфери во таборот на „росонерите“.

Окампос ќе ја пополни празнината во тимот што настана со заминувањето на Нианг, кој се пресели во англискиот премиерлигаш Ватфорд. Претходно, „росонерите“ доведоа уште еден млад крилен офанзивец, Шпанецот Жерар Деулофеу од редовите на Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top