Вчеравечер во Битола почна 32 издание на Меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“.
Годинава во Македонија пристигнаа деца и нивните ликовни педагози од Португалија, Кина, Украина, Србија, Турција, Русија, Романија, Словенија, Словачка и за прв пат од Египет, кои на отворената сцена во старата битолска чаршија им честитаа на учениците од основното училиште „Спишска Бела“ од Словачка на кои им беше врачено највисокото фестивалско признание, наградата „Гран При 2013“.
Ликовната колонија денес го одбележуваат патрониот празник на студиото, Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“. Утре пак малите уметници ќе престојуваат во Крушево и во демирхисарското село Бабино каде ќе ја посетат приватната библиотека на Стево Степановски во која се изложени над 15.000 книги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



