| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина се смилува, Бред може почесто да ги гледа децата

Откако Бред Пит (53) и Анџелина Џоли (42) постигнаа договор својата приватност да ја чуваат далеку од очите на јавноста, актерката на поранешниот сопруг му дозволи да поминува повеќе време со нивните деца.

Како што јави Пипл, Пит во последно време се почесто и подолго време ги гледа своите шест деца – Медокс (13), Пакс (13), Захара (11), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8).

– Тој делува многу посреќно. Многу му недостасуваа децата. Тие се неговиот живот и единствено што му е важно, рече извор близок на актерот.

Неодамна на насловната страна на таблоидот „Стар“ се појави бомбастичен наслов каде Бред наводно се преселил кај актерката Кејт Хадсон (37), а нејзиниот брат Оливер за целата ситуација реагирал на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top