| четврток, 6 декември 2018 |

Ме затворија во кафез како животно и ме принудуваа на секс со други деца

Брук Акстел од Остин, САД на седум години преживеала пекол. Човекот кој требало да се грижи за неа ја силувал и ја претворил во сексуална робинка.

Нејзиниот пекол започнал кога нејзината мајка тешко се разболела и завршила во болница, а татко и често патувал поради работата. Тогаш за неа се грижел машка дадилка. Монструм кој чекал и најмала шанса за да ја искористи.

Откако мајка и на Брук завршила во болница, тој ја силувал. Ја уверувал дека тоа е Божја волја и казна. Жртвата тогаш не знаела што се случува и немала зборови за злосторството кое и се случило.

Ме нарекуваше к*рва и ми зборуваше дека самата сум крива. Додека ме силуваше се молеше. Неговиот глас се уште одекнува во мене – „Ослободи не од зло, ослободи не од зло”, – вели Брук во својата исповед за „Global Citizen”.

После првото силување, монструмот почнал да носи и други мажи да ја користат за пари.

456306-me-zatvorija-kako-zhivotno-i-me-prinuduvaa-na-seks-so-drugi-deca

Ме принудуваа на порнографија со возрасни и други деца. Ме затворија во кафез како вистинско животно, – вели девојката.

Клиентите главно биле богати луѓе кои имале ненаситен апетит да нансуваат болка на другите, изјавила таа.

Ме носеа од човек на човек како кукла. Мојата душа се креваше и повлекуваше, живеев илјада години во една ноќ, вели Брук.

Нејзиниот пекол завршил кога нејзината мајка се вратила од болница и ја отпуштила дадилката, но морале да поминат многу години за да и помине срамот и да признае што преживеала. Поради злосторствата кои ги минала како дете, подоцна влегувала во насилни врски, бидејќи верувала дека не заслужува љубов.

Денес, таа им помага на жртвите на трговија со луѓе и силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top