| четврток, 6 декември 2018 |

Болт: Срцето ми плаче, но ќе го вратам златниот медал

jamajka stafeta

Јамајканскиот атлетичар Јусеин Болт се огласи по одземањето на златниот медал на штафетата на Јамајка од Олимписките игри пред осум и пол години, поради позитивниот допинг тест на Неста Картер. Така, иако не е виновен, Болт, како и Асафа Пауел и Мајкл Фрејтер ќе ги вратат златата.

– Срцето ми плаче, многу сум разочаран, но, за жал, вакви работи се случуваат во животот. Ми рекоа да го вратам златниот медал и ќе го направам тоа – изјави Болт.

Олимпискиот комитет на Јамајка и правниот тим на Неста Картер најавија жалба, но шансите таа да им биде прифатена се минимални. Штафетата на Тринидад и Тобаго сега ќе го освои златото, среброто е за Јапонците, а бронзата оди кај Бразилците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top