Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека на сирискиот претседател Башар ал Асад треба да му се дозволи да учествува на изборите во рамки на „демократско решение“ за граѓанската војна.
Во говор пред надворешнополитички одбор на британскиот парламент, Џонсон рече дека позицијата на Британија за Сирија е „катастрофална“.
Тој додаде дека Британија „се исфрлила себеси од игра“ во 2013 година кога пратениците гласале против воена акција, но дека би можела да има мировна улога во идното политичко решение.
– Долго повторувавме мантра дека Асад мора да замине. Ниту во еден момент не можевме тоа да го оствариме, нагласи Џонсон. Тој рече дека треба да се биде реален и оти ситуацијата околу Сирија е изменета.
На прашање дали некое можно сценарио би вклучувало кандидатура на Асад на изборите во Сирија под надзор на ОН, Џонсон одговори – „да“.
– Такви избори на кои би им било овозможено на раселените Сиријци да гласаат можеби би биле пат за напред, смета шерфот на британската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.