| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј: Британија и САД веќе нема да се мешаат во други држави

Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) веќе нема да вршат инвазија во други земји, порача вечерва пред американските републиканци во Филаделфија британската премиерка Тереза Меј.

-Не смееме да се навратиме на неуспешните политики во минатото. Деновите кога САД и Велика Британија интервенираа во суверени држави со цел да го направат светот по нивна замислена слика, се дојдени на својот крај. Сепак не смееме да останеме со скрстени раце кога заканата е реална и во наш интерес е да се интервенира- рече Меј.

Таа додаде дека САД и Велика Бртианија мора да застанат силно еден до друг, како и дека на деновите на долготрајни воени интервенции во други држави се става крај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top