| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓумбирот – непријател на отровите во организмот на човекот

Алтернативната медицина тврди дека токсините во организмот се главен причинител на многу болести. Тие го трујат организмот, предизвикуваат дегенерација на клетките и можат да доведат до појава на рак. Токсините кои се таложат на ѕидовите на крвните садови доведуваат до хипертензија, мултиплекс склероза, мозочен удар, болести на срцето. Отровите кои се собираат во цревата се главни причинители за појава на гастристис, колитис, чир, панкреатитис, пореметен метаболизам, ендокрини заболувања, дијабетес. Солите кои се создаваат во зглобовите предизвикуваат артритис и остеопороза.

Ѓумбирот може да го согори целиот овој наталожен отпад, да го исчисти организмот, и со тоа да доведе до подобрување на здравјето на природен начин, без непотребни лекови, операции и медицински третмани.

Ѓумбирот ја чисти крвта, го поттикнува варењето, ги чисти отровите од организмот и истовремено ослободува од наталожените масни наслаги. Доколку редовно го употребувате ѓумбирот ќе ви помогне освен здравјето да го подобрите и расположението, како и изгледот на вашата кожа.

Алтернативната медицина  препорачува лекувањето на кое било заболување да се започне со третман за прочистување на организмот, бидејќи целиот наталожен отпад во организмот ќе доведе до повторна појава на болеста. Притоа, и со самата процедура на чистење може да  доведе до целосно оздравување!

Рецепт од руската алтернативна медицина за прочистување на организмот и побрз метаболизам

Овој пијалак од ѓумбир го забрзува метаболизмот, ги неутрализира наталожените отрови во организмот и помага за подобро варење на храната.

Еден помал корен (10-20 гр.) ѓумбир или една мала лажичка ѓумбир во прав се прелива со 200 мл врела превриена вода и се остава да стои десет минути. Се додава лажичка мед и сок од лимон. Се пие половината количина наутро на празен стомак, половина час пред јадење, а остатокот во текот на денот, во помали голтки меѓу оброците. Може да се користи секојдневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top