| четврток, 6 декември 2018 |

Нов шок за јавноста: Откриени сите тајни на Анџелина и на Бред

Документарниот филм за разводот на најпознатата холивудска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли уште е во подготовка, што значни дека сите нивни тајни и проблеми наскоро ќе ѝ бидат познати на јавноста.

Филмот е на авторот на светските бестселери Иан Халперин.

– Ова е филм за Бранџелина и наскоро сите тајни ќе излезат на површина. Иан ќе ги открие вистинските причини поради кои Анџелина поднела барање за развод на бракот. Најголемиот шок е што во филмот се тврди дека двојката се разделила уште една година пред да побара развод – изјави извор кој е дел од документарниот филм.

Тимот на Иан успеал да дојде до снимки од интервјуа што никогаш не се појавиле во јавноста. Двојката неодамна успеа да се договори да не изнесува детали од приватниот живот во јавноста.

Филмот „Неверојатната приказна за Бранџелина“ ќе биде емитуван на телевизија низ светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top