Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Облачноста ќе биде поизразена во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и можна појава на ретка магла.
Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус пет, а дневната од минус два до пет степени.
Во Скопје изутрина ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до два степена.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утринска температура, додека дневната ќе биде повисока за два до пет степени.
Од почетокот на наредната работна недела ќе има извесно зголемување на облачноста и повисока утринска температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.