| четврток, 6 декември 2018 |

Редакциски коментар на „Ситињуз“: 10 причини зошто Албанците треба да коалицираат со Груевски

Редaкцијатa на Ситињуз од Тирана објави редакциски коментар зошто ДУИ треба да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ под наслов „10 причини зошто Албанците треба да одат со Груевски”.

-Причините подолу се спомнати имајќи ја во предвид ситуацијата Трамп-Сорос или Ердоган-Ѓулен, политичкиот развој во САД и Русија како и тие од регионот помеѓу Косово и Србија, пишува City news. Во продолжение интегрално ги пренесуваме десетте точки во редакцискиот коментар.

  1. Имајќи во предвид дека војната помеѓу Трамп и Сорос е глобална и е слична на таа на Ердоган и Ѓулен, Албанците моментално не можат да излезат против американската администрација затоа што републиканците ги контролираат сите механизми на државата, а Заев е јасно на страната на Сорос.
  2. САД и Русија се спремаат за договор за Крим, Балканот и Сирија, Албанците не можат да излезат против Трамп и САД и да и им ја подарат на Србија и Русија соработката со САД, а да ги штитат Сорос и Заев.
  3. Србија има во план дестабилизација на Босна и Косово, а за ова работа му треба и една нестабилна Македонија која е надвор од НАТО, така што на Албанците им треба стабилност која во моментот може да ја донесат само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
  4. Србија го напаѓа Груевски преку Ивица Дачиќ и го посакува Заев на власт затоа што Србија и СДСМ секогаш биле стратешки партнери.
  5. Заев не се огласи за ниту една од точките на албанската платформа, иако зеде 70 илјади албански гласа.
  6. Заев со поткупот на 70 илјади албански гласа ја отвори полицата за масовна политичка асимилација, слична на југословенската, земајќи околу 70 илјади гласа кои во превод значат 8 пратеници, а истовремено ставајќи само двајца на изборната листа.
  7. Албанците во Македонија ги интересира зачленувањето во НАТО како битен стратешки фактор и само ВМРО може да најде заеднички јазик со Грција со посредство на американската администрација на Трамп со која Груевски е во добри односи, односно со заменик председателот Мајк Пенс.
  8. Груевски е ставен на чело на една регионална анти-Сорос војна во координација со новата американска администрација и една војна со Груевски него би го зацврстил, а Албанците регионално би ги ослабил.
  9. Балкан, Украина и Блискиот исток се меѓу првите приоритети на новата американска администрација и би било погубно за Албанците во првата година на новата администрација да се наредат на погрешна страна.
  10. Во косовската војна ВМРО-ДПМНЕ беше на страната на Албанците и на НАТО, го призна независно Косово и истовремено ја поддржи оваа држава во сите меѓународни иницијативи и би било неблагодарно да се изгуби ваков регионален соработник и да застанеме на погрешна страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top