Црвена звезда продолжи со извонредните настапи во Евролигата, откако првакот на АБА ја забележа и седмата победа во низа што е рекорд во Евролигата рушејќи го стариот на екипата на ЦСКА Москва од шест труимфи. Неверојтната низа на Звезда продолжи и на домашен терен славејќи победа против Панатинаикос со резултат 72-66. „Црвено-белите“ влегоа во овој меч видно осоколени по големиот триумф во Виторија над тимот на Басконија пред само две дена.
Избраниците на Радоњиќ го контролираа резултатот во поголемиот дел од средбата, ПАО сепак успеа да се врати во самата завршница, но кога беше најпотребно Црвена звезда одигра фанатична одбрана, ги затвори приодите кон својот кош и заслужено стигна до победата.
Симоновиќ со 13 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Митровиќ постигна 11 поени, а Кузмиќ оствари дабл дабл од 10 поени и 14 скокови во дуелот со својот поранешен клуб.
Следната недела „црвено-белите“ можат да го подобрат овој нестварен рекорд бидејќи истотака на домашен терен го пречекуваат турскиот гигант Анадолу Ефес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.