Салах Абдеслам – единствениот преживеан терорист од нападите во Париз во ноември 2015 година – останал жив затоа што неговиот појас полн со експлозиви не се активирал. Тоа го објавија медиуми во Белгија, кои цитираат сведочење по истрагата.
Абдеслам го признал тоа пред свој близок, кој го засолнил во последните денови пред да биде пронајден во квартот „Моленбек“ во Брисел. Абдеслам изјавил дека се гордее со својот брат Брахим, кој се разнесе при напад во Париз.
Сведокот прецизира дека го засолнил Абдеслам за две ноќи пред операцијата за апсење на терористот по 127 дена потерница. Абдеслам бил очаен, имал потреба од облека, храна и пари. Тој побарал оружје, со што планирал да се брани до последен здив.
Белгиските медиуми презентираат денес и нови податоци од компјутер, користен од терористите пред нападите во Брисел. Прецизираат дека тие имале намера да земат заложници, за да се обидат да ги ослободат од затвор терористите. Изгледа нивната првична намера била во денот на ноемвриските напади во Париз да извршат напад и на аеродромот во Амстердам.
Електронските траги покажуваат дека тие ги разгледувале можностите за нанесување на удар и на нуклеарен објект.
извор: стандард.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.