Истражувачите од Лондонскиот Универзитет во своето најново психолошко истражување го откриле клучот за среќа – соблечете се од себе и бидете голи.
Главниот истражувач Др Keon West вели дека непобитно утврдено е дека нудистите имаат поголема психолошка стабилност, подобра перцепција на сопствената личност, самодоверба, и воопшто поинаков однос кон животот од луѓето кои не ја практикуваат оваа активност.
Истражувањето е спроведено на примерок од 850 хетеросексуалци Британци од двете групи – нудисти и оние кои не се.
Констатирано е дека посреќен живот живеат оние првите, а посебно е мерено чувството на среќа во моментот на соблекувањето и во периодот кога луѓето се голи.
Др Keon West вели дека врежана е голема заблуда кај многу луѓе кои јавно го покажуваат своето тело дека имаат некое психолошлко пореметување.
извор: македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.