Според податоците на Шведскиот Завод за вработување на оваа земја годишно и се потребни и до 64.000 странски работници, како би се одржал економскиот раст и би се спречил неговиот пад предизвикан од недостатокот на работна сила.
Генералниот директор на Заводот Mikael Sjoberg, во изјава за националната телевизија SVT рекол дека недостатокот на работна сила веќе наредната година може значително да и наштети на Шведска. Канцеларијата за вработување како решение за овој проблем нуди увоз на работна сила, односно вработување на што поголем број странски работници.
„Стапката на наталитетот во Шведска е многу ниска. Домашното население се намалува. За да се продолжи и одржи растот, потребна е работа, а со самото тоа и поголема популација.“ – вели Johan Bišman, од заводот за вработување. Во продолжение додаде дека, некои фирми, а пред се јавната администрација, веќе ги чувствуваат последиците од недостатокот на квалификувана работна сила, а се очекува овој проблем да расте во наредните години.
Според податоците на Заводот за вработување на Шведска, се вработуваат се поголем број на луѓе родени во странство. Главна причина за тоа е што постојано се намалува бројот на работоспособно домицилно население, поради што шведските фирми ангажираат што повеќе странци на одредени работни места.
извор: вработување.ком
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


