Еден од начините на кој дејствува Сорос е креирање лажна слика и перцепција преку меѓународните организации што ги финансира, а кои вршат рангирање за повеќе сфери и области во различни држави. Во зависност на степенот на соработка со Сорос, државите што се спротивставуваат на функционирањето и на методите на апсолутна корупција што ја спроведува оваа организација се осудувани и независно од постигнатите реформи за да се дисциплинираат се ставаат на дното на табелите што подоцна, преку нивните подружници и филијали во државите, се претставуваат како објективни параметри.
„Транспаренси интернешнел“, која е организација директно финансирана од Сорос, излезе вчера со нов извештај во кој во моментите кога Сорос е на отворена критика на јавноста, Македонија забележува пад од 24 места на ранг–листата на индексот на перцепција на корупција за 2016 година. Земјата сега се наоѓа на 90. место во споредба со 66. позиција во 2015 година.
Ваквото лошо рангирање доаѓа откако Груевски во интервју за „Република“ од пред две недели објави дека државата бележи успех на индексот за борба против корупција, дури и на организација финансирана од Сорос, како што е „Транспаренси интернешнел“. Очигледно, Сорос преку своите инсталации тука стана свесен и испорача лошо рангирање.
На самиот сајт на „Транспаренси интернешнел“ пишува дека главен финансиер е токму Институтот Отворено општество раководен и финансиран од Џорџ Сорос, вториот финансиер е Институтот Отворено општество за западна Африка, кој, исто така, е ќерка-организација на Сорос, што јасно укажува на тоа дека „Транспаренси интернешнел“ е ќерка-организација на Сорос.
Инаку, нивната подружница во Македонија е „Транспарентност Македонија“ во Скопје, која ја води Слаѓана Тасева, која дејствува како продолжена рака на СДСМ, организација, која, пак, е финансирана од Сорос во Македонија на Владе Милчин и на Фани Каранфиловска, но и во нејзините тела се наоѓаат членови на раководството и луѓе блиски до СДСМ.
Членови на управните тела на „Транспарентност Македонија“ се Едмонд Адеми, кој е пратеник и член на централниот одбор на СДСМ. Пратеникот на СДСМ Ферид Мухиќ, Гордан Ѓоргиев, Дане Талески од СДСМ, Соросовите инсталации и сдсмовски протежеа Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски, Ана Чупеска, Забарчанец, Џевдет Хајредини, Суад Мисини, како и Гордан Калајџиев, кој беше дел од платеничката револуција финансирана од Сорос.
Инаку, познато е дека Тасева, која е прв човек на македонската подружница на оваа Соросова организација имаше низа скандали за финансиски злоупотреби додека беше прв човек на Полициската академија. Медиумите објавуваа дека Слаѓана Тасева – Петровска во текот на јули 2007 година, во својство на директор на Полициската академија во Скопје посегнала по туѓо авторско право при што неовластено извршила превод и репродуцирала авторско дело – прирачник „Стратегиско разузнавање“. Слаѓана Тасева ја оштетила Полициската академија за 223 илјади денари додека беше нејзин директор. Според документите, во 2007 година, кога Тасева ја раководеше Академијата, неовластено бил извршен превод на прирачник, без писмена согласност од авторот и без одлука од наставно-научниот совет. Полицијата покажала сомнеж дека некогашната прва жена на антикорупција ги направила делата непотизам и злоупотреба на должност по кои најчесто постапуваат. Документите од истрагата покажуваат дека парите за преводот завршиле на контото на поранешна вработена во антикорупција и нејзина ќерка Викторија.
На меѓународно ниво, кога станува збор за фингирани извештаи од Сорос, ова не е единствен случај. Сорос дејствува и преку „Репортери без граници“ и „Фридом хаус“, кои, исто така, се финансирани од Сорос и кои вршат рангирање на земјите по различни параметри, а критериумот по кој го прават рангирањето не се објективни параметри туку ја користат и сферата на интерес што ја има Сорос. Па така, откако отворено беа критикувани Сорос и неговите инсталации во Македонија, државата од делумно слободна, Сорос преку „Фридом хаус“ ја рангираше како земја во која нема слободни медиуми, или од ниски 45 поени во 2007 година и во 2008 година, во 2016 година дојде до високи 62 поени. Или најголемиот парадокс и местење на резултати се гледа преку извештајот на „Репортери без граници“ каде што во 2007 година нѐ рангирале на 36. место, а сега во последниот извештај на 118. место, иако се работи за истата влада и за истата реформска политика. Тоа што се смени е перцепцијата и ангажманот на Соросовите оски да се оцрни државата.
Сорос преку своите инсталации го прави истото и во други европски земји, кои се ставени на црната Соросова листа.
Унгарија е падната за седум места во однос на 2015 година, кога била 50. на листата, за сега да падне на 57. место. Унгарија е во пад од 2014 година, кога на индексот на „Транспаренси интернешнел“ била на 47. место. Официјалниот став на унгарската влада е дека извештајот на „Транспаренси“ е сам по себе интерес бидејќи оваа невладина организација немала никаков коментар во време на владеењето на социјалистичката влада кога биле проневерувани европски фондови.
Словачка е, исто така, во пад на индексот на „Транспаренси интернешнел“ од 50. рангирана во 2015 година, сега е падната на 54. место. Во Словачка невладини организации финансирани од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос сѐ почесто водат кампањи за оцрнување на словачките власти за нивна вмешаност во евентуални корупциски скандали, отворање лажни афери со исти методи како во нашата земја и промена на актуелната власт избрана на демократски избори.
Словачкиот разгранок на „Транспаренси интернешнел“, кој е финансиран од грантови на Соросовата фондација, неодамна објави лажна афера за евентуална вмешаност на високи претставници од владата на Словачка во корупциски скандали. По објавувањето на аферата од страна на „Транспаренси интернешнел“, дел од опозициските новинари во Словачка, под закрила на Соросовата фондација, директно го нападнаа словачкиот премиер Роберт Фицо.
Ваквиот оркестриран напад воз словачка доаѓа откако словачкиот премиер Роберт Фицо отворено му се спротивстави на Сорос изјавувајќи дека неговото „граѓанско општество не е добредојдено во Словачка“.
Фицо во едно интервју неодамна изјави дека на последните избори во март минатата година морал да се соочи не само со домашните политички противници, туку и со инсталации на граѓански организации поддржани со странски пари, како и со политички мотивираните опозициски медиуми во Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.