Александар Чуп (29) и веселин Вучетиќ загинале вчера во два верижни удара на Новиот новосадски пат на излезот од Белград, и тоа бидејќи застанале да помогнат на повредените во несреќата.
На Александар налетало возило и го усмртило на лице место, а за трагедијата да биде поголема, блиските на Александар велат дека бил добро и скромно момче и дека планирал наскоро да прави свадба.
Семејството на настраданото момче е во шок и не верува во она што се случуло. Оние кои го познаваат велат дека имал големо срце, секогаш помагал секому.
– Ја видов трагедијата на утрински вести, го видов комбето и знам дека тој работеше за таа фирма. Си реков Боже, само да не е тој. Навистина трагедија. Планираше свадба. Ова е страшно, семејството е скршено- вели сосед.
Мајката на Александар само одмавнува со главата, не јаде и пие и постојано плаче. Семејството одбива да верува дека загинатиот е нивниот син.
Веселин Вучетиќ (55) од Врбас настрадал кај Батајница, додека излегувал од автомобилот исто така сакајќи да помогне на повредени во верижен судар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.