Дваесет и деветгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајната несреќа што утрово во 10.40 часот се случи кај Умин Дол, на регионалнитот пат Куманово-Скопје.
Според досегашните информации од МВР, автомобил „БМВ“ со скопски регистарски таблички удрил во 29-годишната Е.Д. од Куманово.
Девојката со тешки повреди прво била пренесена во кумановската болница, од каде што поради сериозноста на повредите е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Полицискиот увид е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали за тоа како дошло до несреќата.
Како што соопштија од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Скопје кај селото Умин Дол се пренасочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.