Поради проблеми со серверот Управата за јавни приходи го продолжи рокот за пријавување на ДДВ до први февруари 2017 година.
„Согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и Годишните даночни извештаи се продолжуваат, и тоа:
за ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување 25.1.2017 година се продолжува за 5 работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавите ќе се смета 1.2.2017 година.
За Годишните извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ), крајниот рок за поднесување 31.1.2017 година се продолжува за 5 работни дена, односно крајниот рок за поднесување на Годишните извештаи ќе се смета 7.2.2017 година“, се наведува во соопштението на УЈП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство