| четврток, 6 декември 2018 |

Антиисламски протести во Лондон по бруталното убиство на војник- нападнати две џамии

Стотина демонстранти излегоа на улиците во Лондон во знак на револт против обезглавувањет на британскиот војник од страна на двајца имигранти. Најголем број од демонстрантите биле припадници на ултрадесничарската организација Англиски одбранбен сојуз кои бараа спречување на ширење на исламот во Британија.

–       Ова е исламот. Ова го видовме денеска. Му ја отсекоа главата на наш војник на улица во Лондон. Нашите деца ги учат во училиште дека исламот е религија на мирот. ТОа не е точно. Никогаш не ни била. Тоа што го видовте денеска е ислам. На сите им е доста. Мора да има реакции за да слушне власта, да слушне полицијата, да го сфатат гневот на британската јавност, рече лидерот на ултрадесничарите Томи Робинсон.

Британските медиуми соопштија полицијата во два одделни случаи успеала да спречи напади на џамии, при што биле уапсени две лица.

Во првиот случај, 43 годишен маж влегов во џамија со нож, но веднаш бил уапсен. Друг маж во градот Кент бил уапсен под сомнение дека предизвикал штета на џамија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top