Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжија серијата на неуспеси во јануари, откако синоќа го завршија настапот на Купот на Кралот. Момците на Зинедин Зидан со вкупен резултат од 3-4 беа елиминирани од Селта Виго, а по мечот францускиот стратег ја презеде одговорноста и вели дека и покрај поразот е задоволен од прикажаната игра на своите фудбалери.
– Можам само да им честитам на моите момци, тие се обидоа да стигнат до победа. Бевме одлични во првите 35 минути, но нивниот гол нè пресече. Сепак, продолживме со одличното темпо, но не успеавме да постигнеме гол повеќе. Не знам што би се случило доколку мечот се играше уште некоја минута. Се разбира дека не сакаме да губиме, но ни преостануваат уште две натпреварувања. Затоа сега Купот нека биде зад нас, јас како тренер ја преземам одговорноста за оваа елиминација, но мислите мораат да ни бидат позитивни. Не се грижам од лошите резултати во последниот период. Остваривме многу добри работи оваа сезона и нема на кого да му се лутам – изјави по мечот Зинедин Зидан.
Кралскиот клуб на првиот меч на „Сантјаго Бернабеу“ загуби со 2-1, додека на вчерашниот натпревар одигра само 2-2 кои не беа доволни за понатамошен пласман во Купот на Кралот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)